Удар врз европската безбедност

Русија го критикуваше повлекувањето на САД од договорот Отворено небо

Официјална Москва оцени дека Соединетите Американски Држави со најавата за повлекување од договорот Отворено небо, и обвинувајќи ја Русија за непочитување на тој договор, ѝ задале „удар“ на европската безбедност.

EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

„Повлекувањето на Соединетите Држави од тој договор не претставува само удар врз темелите на европската безбедност туку и врз инструментите на постоечката воена безбедност и битните безбедносни интереси на сојузниците на САД“, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко.

Договорот Отворено небо е потпишан во 1992, а неговата примена почна во 2002 година и тој овозможува 34 земји потписнички да ги надлетуваат своите територии за проверка на воените движења и контролни мерки на вооружувањето на едните и другите.

Соединетите Држави повеќе пати ја обвинија Русија дека го крши тој договор. Американскиот министер за одбрана Марк Еспер на почетокот на март на Конгресот му кажа дека „Русите со години мамат“.

„Тоа не е билатерален туку мултилатерален договор. Така наглата одлука ќе ги засегне интересите на сите учесници без исклучок“, додаде рускиот функционер.

„Ништо не спречува продолжување на разговорите за тие технички прашања кои Соединетите Држави ги претставуваат како руско кршење на договорот“, додаде Грушко и го обвини Вашингтон дека го уништува инструментот кој во последните 20 години им служи на интересите на мирот и безбедноста во Европа.

САД веќе ја обвинија Русија дека го прекршила договорот ИНФ за нуклеарните сили од краток и среден дострел.

Иднината на руско-американскиот договор Нов почеток склучен во 2010, а кој истекува во 2021, исто така е неизвесна. Тоа е последниот нуклеарен договор кој сѐ уште е на сила меѓу двете земји.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе