Јаху њуз

Русија го хакнала ФБИ за да го спречи да ги следи руските шпиони во САД

Руската влада го хакирала комуникацискиот систем на ФБИ за да го спречи Бирото да ги следи руските шпиони што работат во САД, јави Јаху њуз во ексклузивна истражувачка статија објавена во понеделникот.

САД во 2012 година станале свесни за „целата сериозност“ на можноста на Русија да се пробие во одредени видови безбедносни комуникации и да ги следи уредите што ги користеле надзорните екипи на ФБИ, се вели во статијата. Покрај стравувањата дека Русите можеби имаат пристап до американските разузнавачки канали, властите верувале и дека руските шпиони можат да ги лоцираат тајните надзорни тимови на ФБИ и содржината на комуникациите на Бирото.

Тоа на Русите освен што ќе им овозможело да го избегнат следењето и да комуницираат со човечки извори, ќе им дало и можност да собираат информации за своите гонители, вели Јаху њуз. Официјалните лица биле загрижени и дека во американската разузнавачка заедница демне руски шпион.

Русите првпат ги хакирале комуникациските системи на ФБИ во 2010 година, по апсењето и разоткривањето на група руски шпиони во САД, вели Јаху њуз. Таа година, ФБИ почнало да ги испитува напорите на Русија за регрутирање американски шпиони; една од највисоките цели бил американскиот консултант за нафтена индустрија Картер Пејџ, кој подоцна служеше и како помошник за надворешна политика во кампањата на претседателот Доналд Трамп.

ФБИ во 2013 година го информирало Пејџ дека Русите се обидуваат да го „култивираат“, но Пејџ ги игнорирал нивните предупредувања, па дури и јавно се фалел за своите врски со високи претставници на руската влада.

За Русите, исто така, се вели дека ги хакирале помошните комуникациски канали што ги користело ФБИ, за што поранешен висок службеник за контраразузнавање за Јаху њуз рекол дека САД „многу сериозно го сфатија“.

Истрагата открила дека руското хакирање на комуникациските системи на ФБИ било клучната причина поради која администрацијата на Обама во декември 2016 година исфрли 35 руски дипломати и затвори два руски дипломатски објекти.

Претседателот Барак Обама тогаш рече дека мерките се реакција на мешањето на Русија во изборите во 2016 година, но Јаху њуз вели дека и САД сакале да ги затворат тие два објекти затоа што биле клучни за напорите на Русија да ги пресретнува комуникациите на ФБИ.

Русија и САД во последниве години ги зголемија своите меѓусебни контраразузнавачки и сајбер-безбедносни операции, додека се зголемуваат заемните тензии.

САД неодамна ја нападнаа електричната мрежа на Русија и вметнаа „потенцијално осакатувачки малвер“ во рускиот систем, објави Њујорк тајмс во јуни. Електричните мрежи веќе долго време се во фокусот на сајбер-нападите, но американската операција беше најагресивната досега и требаше да послужи како предупредување за Русија, а и да им овозможи на САД да вршат други компјутерски напади во случај на конфликт со Москва, се вели во извештајот.

Тајмс опиша дека двајца службеници во администрацијата рекле дека имало „масовно двоумење“ дали да го информираат Трамп подетално за операцијата, делумно поради загриженоста од тоа како би реагирал Трамп, дека би ја затворил операцијата или би разговарал за тоа со странски официјални претставници.

Кога Трамп им откри доверливи информации на двајца руски функционери на состанок за овална канцеларија во 2017 година, тоа придонело за одлуката на САД набргу потоа да повлечат од Русија врвен шпион на ЦИА, објави Си-ен-ен минатата недела.

Другите американски медиуми потоа објавија клучни детали за идентификација на шпионот, а руските медиуми спонзорирани од државата подоцна соопштија дека го имаат и името на разузнавачот. Набргу потоа, руската влада до Интерпол поднесе барање за повеќе информации за шпионот.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе