Русија ги зголеми цените за летовите на американските астронаути во вселената

Русија ги зголеми трошоците за астронаутите на НАСА со руските ракети Сојуз на Меѓународната вселенска станица, се наведува во извештајот на државната ревизорска институција на САД.

НАСА во 2015 година му платила околу 82 милиони долари на Роскосмос за едно место во ракетите Сојуз. Меѓутоа, сега цената пораснала за пет отсто, во согласност со инфлацијата. Не е наведено за колкава сума станува збор.

Според информациите објавени на сајтот на НАСА, буџетот на американската вселенска агенција за 2020 година укажува на можноста укажува на можноста за склучување договор со Роскосмос за купување две места на Сојуз за превоз на американски астронаути до Меѓународната вселенска станица на есен оваа година и пролетта 2020.

Од НАСА таквиот чекор го објаснија со фактот дека за време пробните летови на новите американски вселенски летала „кру драгон“, кои ги произведуваат Спејсекс и Старлајнер, може да се појават проблеми, што би предизвикало астронаутите на НАСА да не бидат присутни на Меѓународната вселенска станица.

Во 2011 година повеќенаменското вселенско летало шатл беше повлечено од употреба. Од тогаш, екипажите на Меѓународната вселенска станица ги превезуваат само руските ракети Сојуз.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе