Според новиот закон демонстрантите прогласени виновни за повеќекратно непочитување на законот би можеле да бидат казнети со 20.000 рубљи (230 евра) или 30 дена затвор.
Законот претходно предвидувал казна од 5.000 рубљи.
Путин потпиша и закон со кој се предвидува парична казна до 2.500 рубљи за објавување информации на сајтовите означени како „странски агенти“, а кои не го навеле јасно тој статус.
Руската служба за контрола на телекомот соопшти во декември дека на разговор ги повикала претставниците на медиумите означени како „странски агенти“, со цел нивно казнување поради непочитување на строгите обврски кои ги наметнува контроверзниот статус.
Во Русија, според законот од 2012 година, организациите и поединците означени како „странски агенти“ мора да се регистрираат кај властите, да пополнуваат административни обврски и јасно да го назначат својот статус во своите публикации.