Русија ги забранува сите меѓународни летови, освен тие што ги враќаат Русите дома

Русија од петок ги забранува „редовните и чартер летовите“ од Русија во други земји и обратно во рамки на напорите за сузбивање на заразата со коронавирусот.

Забраната стапува на сила денес на полноќ според московско време, а исклучок се летовите со кои Русите се враќаат од странство дома, се наведува во указот објавен на интернет страницата на премиерот Михаил Мишустин.

Русија досега пријави над 650 случаи на зараза со коронавирусот, главно во престолнината Москва.

Московскиот градоначалник Сергеј Собјанин го предупреди неделава претседателот Владимир Путин дека вистинскиот број случаи би можел да биде „значително поголем“ од пријавените.

Путин во телевизиско обраќање до нацијата ги советуваше Русите да останат дома и кажа дека треба да им се дозволи останување дома на работниците од понеделник до петок следната недела, како и дека тие денови ќе им бидат платени.

Русија воведе и строги мерки на карантин за сите што ќе влезат во земјата од странство и сите кои можеле да бидат изложени на лица заразени со вирусот.

Владата одлучи дека нема да наметнува карантин како оној во соседна Кина и во повеќето европски земји.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе