„Ноќта на 6 кон 7 јули, режимот во Киев, оптоварен со воени порази и големото повлекување на украинските сили во Донбас, се обиде симболично да постави знаме на Змискиот Остров“, соопшти руското Министерство за одбрана.
„Околу 5 часот наутро неколку украински војници се истоварија на островот и се фотографираа со знамето. Авион на руското воено воздухопловство веднаш лансираше високопрецизни проектили кон островот, кои го уништија украинскиот воен персонал. Преживеаните избегаа во правец на островот Приморскоје во регионот Одеса“, се вели во соопштението за медиумите на руското Министерство за одбрана.
Овие руски тврдења не се независно проверени, но властите во Одеса претходно објавија дека Русите го ракетирале Змискиот остров.
Утрово украинската војска објави фотографии од украинското знаме развеано на Змискиот Остров.