Русија ги стави Чешка и САД на листата на „непријателски држави“

Русија објави дека Чешка и Соединетите Американски Држави ги става на листата на „непријателски земји“, во време на постојани тензии меѓу Москва и Западот.

EPA-EFE

Владиниот указ е објавен на официјалниот сајт на владата неколку дена пред најавената прва средба на американскиот државен секретар Ентони Блинкен и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Според неа, двете земји се прогласуваат за непријателски, а како последица се забранува американската амбасада да вработува локални руски службеници.

Бројот на локалните службеници во чешката амбасада ќе биде ограничен на 19.

Рускиот претседател Владимир Путин побара на крајот на април од руското министерство за надворешни работи да направи листа на „непријателски држави“ со цел да се заштитат „интересите и безбедноста“ на Русија.

„Москва секогаш ја истакнувала волјата за дијалог“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, пренесува ТАСС.

Истакна дека само тие две земји се нашле на листата, иако руските медиуми шпекулираа за повеќе земји, меѓу кои Украина, Литванија, Полска, Летонија, Естонија, Британија и Грузија.

Американско-руските односи веќе некое време се во слободен пад поради обвинувањата на Вашингтон за руско мешање во претседателските избори, шпионирање и сајбер-напади. Американската влада во април воведе нови санкции против Русија.

Паралелно, повеќе земји од централна и источна Европа минатите недели протераа руски дипломати. Прага беше прва, откако чешката влада ги обвини руските тајни служби дека стојат зад експлозијата на магацин за муниција која се случила пред неколку години.

Москва возврати со протерување дипломати.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе