Москва постојано се жали дека западната воена поддршка на Киев го одолговлекува конфликтот во Украина, додека постои ризик од директен судир меѓу Русија и Западот.
„Им испраќаме сигнали на Американците дека нивната линија на ескалација и сè подлабокото мешање во овој судир е преполна со страшни последици. Ризиците растат“, кажа Рјабков.
Тој порача дека нема директен дијалог меѓу Вашингтон и Москва, но дека „периодично се разменуваат сигнали“.
Тој не знае за контактите преку „жешката линија“ меѓу руската и американската војска воспоставени на почетокот на руската инвазија на Украина.
Американски функционер кажал за Ројтерс дека специјална линија за комуникација меѓу руската и американската војска била искористена еднаш од почетокот на војната.
„Не водиме никаков дијалог со Соединетите Држави на тема Украина бидејќи нашите ставови се радикално различни“, кажа Рјабков.