Русија ги повика Курдите да се придружат на сириската војска

Русија како главна сојузничка на оспоруваната сириска влада ги повика опколените курдски борци да се придружат на државната сириска војска.

„Колку побрзо, толку подобро“, изјави заменик министер за надворешни работи на Русија Михаил Богданов, пренесува руската агенција Интерфакс.

Богданов тврди дека Русија е „во контакт со сите страни“ за да обезбеди мир заснован на „почитување на сириската сувереност“.

Курдските борци, кои се побунија против владата во Дамаск, мораа да се повлечат од дел од северна Сирија поради турската офанзива.

Турција ги смета за терористи кои се обидуваат да создадат своја држава од курдските делови на Турција, Сирија и Ирак.

Русија со Турција договори поделба на контролата врз областите на северот на Сирија за Турција да не ја продолжи својата воена операција.

Сириските сили поддржани од Москва преземаа дел од областите кои ги напуштија курдските сили.

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе