Русија ги казни Фејсбук и Твитер со 60.000 долари поради чување лични податоци

Руски суд денес им изрече казни во износ од 60.000 американски долари на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук поради кршење на законот за заштита на личните податоци, јавија руските медиуми.

Законот наложува дека личните податоци на руските граѓани смеат да се чуваат само во рамки на границите на земјата.

Руската агенција за контрола на интернетот Роскомнадзор побара и Твитер и Фејсбук годинава да го исполнат тој услов.

Русија ја забрани работата на Линкдин поради ова пред четири години.

Критичарите сметаат дека рускиот закон ја задушува слободата на интернетот.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе