Русија ги казни Фејсбук и Телеграм, не избришале спорни содржини

Руски суд го казни Фејсбук со шест милиони рубљи, а апликацијата за пораки Телеграм со 11 милиони рубљи бидејќи не отстраниле нелегална содржина, што претставува нов удар на Русија во конфликтот со големите технолошки компании.

Фото: ЕПА

Во последните месеци Москва презеде чекори за регулирање и ограничување на моќта на социјалните мрежи и технолошките гиганти, со изрекување помали казни за нелегални содржини, а истовремено настојувајќи да ги принуди странските компании да отворат свои канцеларии во Русија и да ги чуваат личните податоци на Русите на територијата на Русија.

Судот во Москва во областа Тагански соопшти дека го казнил Фејсбук со шест милиони рубљи за две различни административни прекршоци врз основа на обврската на сопствениците на веб-страниците да бришат неовластена информација. Телеграм е казнет за три различни прекршоци, соопшти судот. Фејсбук и Телеграм сè уште не ги коментираа пресудите.

Руски суд се очекува подоцна да донесе пресуда за две слични обвиненија и против Твитер.

Русија го казни Твитер со 118.000 долари во април бидејќи ги одбил барањата да избриши твитови во кои се повикуваат младите да протестираат кон средината на јануари против апсењето на Алексеј Навални, критичар на Кремљ, а од тогаш во Русија содржините на таа мрежа бавно се вчитуваат.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе