Русија е загрижена поради желбата на Турција да ја претвори Аја Софија во џамија

Кремљ и Руската православна црква денес изразија загриженост поради спремноста што јавно ја искажа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган некогашната византиска базилика Аја Софија во Истанбул да ја претвори во џамија.

EPA-EFE

Рускиот патријарх Кирил во соопштение порача дека е „многу загрижен“ поради евентуалната промена на статусот на „еден од најголемите споменици на христијанската култура“ од „огромно значење за руската црква“, која е заснована врз византиската традиција.

„Секој обид да се понижи и згази вековното духовно наследство на Цариградската црква рускиот народ, и денес како и некогаш, го доживува со горчина и негодување“, предупреди московскиот патријарх.

„Заканата за Света Софија е закана за целата христијанска цивилизација, а со тоа и за нашата духовност, историја“, додаде тој, предупредувајќи ја турската влада да биде „обѕирна“.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков кажа дека се надева дека Анкара „ќе води сметка за статусот на базиликата Света Софија како споменик што му припаѓа на светското културно наследство“.

Тој оцени дека „Света Софија е свето нешто за Русите“, истакнувајќи сепак дека нејзиното преуредување е „предмет на турската внатрешна политика“.

И заменик шефот на руската дипломатија Сергеј Вершењин ја повика Анкара „да не го занемарува меѓународното значење“ на некогашната византиска базилика.

Турскиот висок управен суд го разгледуваше во четвртокот барањето за претворање на поранешната базилика Аја Софија во џамија, што е планот на претседателот Ердоган со опасност да предизвика тензии со повеќе земји. Судот одлуката би требало да ја донесе за две недели.

Во ремек-делото на византиската архитектура од 6 век Византијците ги крунисувале царевите, а денес е на листата на УНЕСКО на светското културно наследство и една од главните туристички атракции на Истанбул.

Кога османлиите во 1453 година го освоиле Цариград ја претвориле во џамија, а во 1935 година младиот Мустафа Кемал Ататурк ја претвори во музеј за да му ја „предаде на човештвото“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе

Енергетската сиромаштија е значително поприсутна во централна, источна и југоисточна Европа, покажува последното истражување.

повеќе