Според телевизијата, Путин му рекол на Си дека Русија е подготвена да разговара со Украина на високо ниво.
„САД и НАТО долго време ги игнорираа разумните безбедносни грижи на Русија, постојано отфрлајќи ги своите обврски и продолжувајќи да го засилуваат военото распоредување на исток“, му рекол Путин на својот кинески колега, според телевизијата.
Украинско-руската криза претставува голем предизвик за Кина на многу фронтови, вели Би-би-си.
Сè поблиските дипломатски односи меѓу Русија и Кина може да се видат на Зимските игри - со доаѓањето на Путин во Пекинг како еден од само неколкуте светски лидери што ќе присуствуваат.
Кинеското Министерство за надворешни работи одбива да ја нарече руската офанзива „инвазија“.