Русија е спремна да го зголеми транзитот на гас низ Украина, но под одредени услови

Русија е спремна да го зголеми транзитот на гас низ Украина, доколку ЕУ ја зголеми побарувачката и Киев предложи конкурентни услови за транзитот, изјави вчера портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин Дмитриј Песков.

EPA-EFE

Според него, главните фактори за решавање на проблемот со одржувањето на транзитот со Киев „се купувачите на гас во Европа, односно европските компании“.

„Тие можат да склучат нов долгорочен договор со Русија за зголеми количества, земајќи ја предвид растечката потреба за гас. За нешто да превезете низ Украина, треба некој тоа да го купи, а тоа се нашите купувачи во Европа“, истакна Песков.

Додаде дека во тој случај Русија ќе ги исполни сите свои транзитни договори.

Претседателот повеќе пати кажа дека, ако продолжат да го купуваат нашиот гас, ги зголемат договорите и ако Украина понуди конкурентни комерцијални услови, сè ќе продолжи да функционира“, кажа Песков.

Тој истакна и дека Русија максимално ги зголемила испораките на гас за Европа, според постоечките договори.

„Може да се каже дека Русија беспрекорно ги исполнува договорните обврски“, кажа тој.

Во вторникот украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека за таа држава е секако важно да го зачува транзитот на рускиот гас во Европа преку својата територија, за да не претрпи финансиски загуби.

Договорот меѓу Русија и Украина за снабдување и транзит на гас, потпишан во 2019, истекува во 2024 година. Во Киев кажаа дека би сакале веднаш да склучат договор за транзит на гас низ Украина, не чекајќи ја 2024. Во Украина веруваат дека тоа би било гаранција за продолжување на транзитот.

Киев повеќе пати истакна дека гасоводот Северен тек 2 претставува закана за енергетската безбедност на Украина. Руската страна повеќе пати истакна дека проектот е комерцијален и дека се изведува заедно со европски партнери.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе