Русија драстично ги намали испораките на гас за Италија и Австрија

Руски Газпром објави дека ќе ја намали испораката на гас во Италија за приближно една третина, објави денеска италијанската енергетска компанија Ени, а за значително помали пратки исто така извести и австриската ОМВ.

Фото: ЕПА

Наместо вообичаените 32 милиони кубни метри, најверојатно во понеделник ќе бидат испорачани 21 милион, велат од Ени според известувањето на рускиот добавувач. Најголем дел од рускиот гас во Италија пристигнува преку гасоводот Дружба. Газпром денеска го затвори „Северен тек 1“ на десетина дена заради одржување.

Италија најголем дел од потребите за гас ги задоволува со увоз од Русија. Од почетокот на руската инвазија на Украина кон крајот на февруари, италијанската влада се обидува да ја намали зависноста од рускиот гас со потпишување договори со други добавувачи, како Азербејџан, Катар и Алжир.

Преку операторот на гасната мрежа Снам купија и два терминали за складирање и гасификација на течен гас (ЛНГ).

Австриската енергетска компанија ОМВ денеска соопшти дека руски Газпром дополнително ја намалил испораката на гас. Од средината на јуни, Газпром испорачувал приближно половина помалку гас од нарачаното, рече портпаролот на ОМВ, Андреас Ринофнер.

Денеска пристигна дури 70 отсто помалку гас отколку што беше нарачано, изјави за агенцијата АПА портпаролот на австриската компанија.

Тој додаде дека полнењето на складиштето ќе зависи од дневната потрошувачка и набавка на гас на физичките пазари. Колку всушност бил испорачан и складиран гас ќе се знае ден-два подоцна, објасни портпаролот на ОМВ.

Австрија неодамна го предупреди Газпром дека ако не го пополни својот дел од складиштето во Хајдах во близина на Салцбург, ќе им ја препушти работата на други компании. Затоа регулаторот Е-Контрол го започна процесот на исфрлање на Газпром, изјави министерката за енергетика Леоноре Гевеслер.

Складиштето во Хајдах има капацитет од 2,9 милијарди кубни метри. Газпром има право на две третини, но не го користи со месеци.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе