Според холандските обвинители

Русија дозволила осомничен за МХ17 да ја напушти земјата

Холандските обвинители ја обвинија Русија дека намерно му дозволила на осомничен за соборувањето на авионот на летот 17 на „Малезија ерлајнс“ да ја напушти земјата, со што бил прекршен еден европски договор за екстрадиција.

Холандските обвинители ја обвинија Русија дека намерно му дозволила на осомничен за соборувањето на авионот на летот 17 на „Малезија ерлајнс“ да ја напушти земјата, со што бил прекршен еден европски договор за екстрадиција.

Обвинителите денеска објавија дека Володимир Цемах се смета за осомничен за соборувањето на патничкиот авион и за смртта на сите 298 патници и членови на екипажот. Тој не е обвинет за никаков престап.

Цемах, Украинец, кој додека беше во притвор во Украина беше сослушан од истражителите во врска со соборувањето на авионот на летот МХ17, во септември ѝ беше предаден на Русија како дел од размена на затвореници.

Холандските обвинители велат дека побарале од Русија да го уапси Цемах за тој да биде екстрадиран. Сепак, сега се верува дека тој се вратил во источна Украина.

Обвинителите велат дека Русија „спремно дозволила Цемах да ја напушти земјата“.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе