Русија до Западот: Денот Д не беше одлучувачки за крајот на Втората светска војна (ВИДЕО)

Русија денес му порача на Западот дека истоварувањето во Нормандија во 1944 година не било одлучувачко за крајот на Втората светска војна и дека улогата на западните сојузници не треба да се преувеличува.

Тој коментар би можел да ги разгневи воените ветерани во Британија каде денес се одбележува 75-годишнината на најголамата поморска инвазија во историјата.

На свеченоста во Портсмут беа британската кралица Елизабета Втора и светски лидери, вклучувајќи ги американскиот претседател Доналд Трамп и германската канцеларка Ангела Меркел.

Зборувајќи на неделната конференција за новинарите, портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова им искажа почит на загинатите на западниот фронт и додаде дека Москва ги признава воените напори на Западот.

„Тоа нормално не треба да се преувеличува. Особено истовремено да не се намалуваат титанските напори на Советскиот Сојуз, без кој победа едноставно ќе немаше“, кажа таа.

СССР загуби повеќе од 25 милиони луѓе во таканаречената Голема татковинска војна и Москва под претседателот Владимир Путин продолжи да ја одбележува победата со воени паради на Црвениот плоштад во Москва.

„Како што велат историчарите, истоварувањето во Нормандија не било одлучувачко за исходот на Втората светска војна и Големата татковинска војна. Таа веќе била одлучена со победите на Црвената армија, особено во Сталинград (на крајот на 1942) и во Курск (кон средината на 1943)“, кажа Захарова.

Во утринските часови на 6 јуни 1944 над 150.000 сојузнички војници испловија или полетаа од Портсмут и околните места и почнаа воздушен, копнен и поморски напад врз Нормандија кој резултираше со ослободување на западна Европа од нацистите.

Инвазијата со кодно има „Операција Оверлорд“ и понатаму е најголемата поморска акција во историјата, а во неа учествуваа речиси 7.000 бродови вдолж 80 километри долгиот северен француски брег.

Москва, која до Денот Д три години се бореше против германските сили на источниот фронт и од 1943 постепено ги потиснуваше, бараше од тогашниот британски премиер Винстон Черчил да отвори втор фронт уште од август 1942.

„Чекаа германската воена машина максимално да ослаби на истокот за да ги намалат загубите на западот“, кажа Захарова.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе