Русија до крајот на неделава очекува регистрација на својата вакцина во 25 земји

Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) очекува вакцината Спутник V до крајот на оваа недела да биде регистрирана во 25 земји, рече претседателот на РДИФ Кирил Дмитриев во интервју за телевизискиот канал Русија-1.

EPA-EFE/JUAN CARLOS TORREJON

„До крајот на неделава очекуваме 25 регулатори, односно 25 земји да ја одобрат нашата вакцина“, рече Дмитриев. Тој додаде дека вакцината досега е одобрена од 19 регулатори.

Списанието Лансет минатата недела ги објави резултатите од третата фаза на клиничкото испитување на руската вакцина. Според нив, оваа вакцина е ефикасна 91,6 проценти кај симптоматските форми на коронавирус.

„Производството на вакцината Спутник V е критикувано поради неговата брзина, желбата веднаш да се дојде до резултати и недостатокот на транспарентност. Но, резултатите објавени овде се јасни и е докажана научната основаност на вакцината“, оценија двајцата британски експерти, професорите Иан Џонс и Поли Рој за студијата во Лансет.

„Ова значи дека во борбата за намалување на инциденцата на ковид-19 постои уште една вакцина“, велат овие експерти, кои не учествувале во студијата.

Овие први потврдени резултати за ефикасноста на вакцината ги потврдуваат првичните тврдења на Русија, кои есенва од меѓународната научна заедница беа дочекани со недоверба.

Се чини дека моментално го рангираат Спутник V меѓу најефикасните вакцини, заедно со Фајзер/ Бајонтек и Модерна (околу 95 проценти), кои се базираат на друга технологија (иРНК).

Во последните неколку недели во Европа се слушаат повици до Европската агенција за лекови (ЕМА) што побрзо да започне процес на одобрување на вакцината Спутник V, што веќе се применува во Русија и некои други земји, како што се Србија, Аргентина и Алжир.

Резултатите објавени во Лансет се добиени во последната, трета фаза од клиничките испитувања на вакцината во која учествувале скоро 20.000 испитаници.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/JUAN CARLOS TORREJON

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе