Русија до Америка: Ова е дрска закана

Руските власти во петокот ги обвинија Соединетите Држави за дрска закана.

Реакцијата на Русија уследи откако американскиот генерал Џефри Хериган изјави дека Вашингтон подготвил план во случај на потреба да се уништи противвоздушната опрема во руската енклава Калининград.

„Ако треба да го уништиме, на пример, системот за противракетна одбрана во Калининград, никој не треба да се сомнева дека имаме план да го сториме тоа“, рече генералот Хериган, според списанието Брејкинг дифенс.

Калининград е руски регион лоциран во Балтичко Море меѓу државите-членки на ЕУ Литванија и Полска.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова ги критикуваше коментарите дадени од генералот Хериган, кој е командант на американските воздушни сили во Европа.

Според неа, прво, Москва тоа го смета за закана, и второ, ваквите изјави се целосно неодговорни.

Руското Министерство за одбрана ја отфрли процената на Хериган и истакна дека регионот е добро бранет и дека е заштитен од „агресивните планови“ какви што во Европа развиваат американските генерали.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе