Москва ја обвинува Украина за нападот, а Полјански рече дека Русија официјално го известила генералниот секретар на ОН дека по нападот го суспендира учеството во спроведувањето на договорот за транспорт на украинско жито од пристаништата на Црно Море, пренесува Тасс.
Полјански изјави дека бродовите на Црноморската флота во Севастопол ја осигуруваат безбедноста на бродовите што превезуваат украинско жито во согласност со Црноморската иницијатива.