Русија бара од ЕУ и САД да ги спречат провокациите на Приштина (ВИДЕО)

Русија побара од САД и Европската Унија да ја сфатат својата одговорност за спроведувањето на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации и да влијаат врз косовските лидери да ги сопрат провокациите против Србија.

„Ги повикуваме Вашингтон и Брисел да влијаат врз Приштина и да ја сфатат својата одговорност во спроведувањето на резолуцијата на Советот за безбедност, создадена заедно со САД и Европа и да ги натераат косовските Албанци да ја сопрат провокативната и конфронтирачка политика“, кажа шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров по разговорот со српскиот колега Ивица Дачиќ во Москва.

Тој истакна дека Русија нема да дозволи Советот за безбедност да го промени мандатот на Обединетите нации на Косово. „Ни изгледа дека Западот се обидува да го присили секретаријатот на ОН да протурка некои предлози, кои ќе го поткопаат мандатот на Мисијата на ОН на Косово. Тоа би било директно кршење на Резолуцијата 1244, а ние ќе направиме сѐ што е во наша моќ тој провокативен план да не се реализира“, истакна Лавров.

Тој најави дека Русија ќе ги продолжи напорите за развој на координацијата на надворешната политика со Србија. „Го продолжуваме интензивниот дијалог и контактите на највисоко ниво, на што беше даден особен тон со посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Белград во јануари“, кажа Лавров.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе