Лани во мај

Русија бара истрага за Русинот од ОН кому му ја скршија вилицата на Косово

Русија бара истрага за претепувањето на рускиот претставник на мисијата на Обединетите нации на Косово во 2019 година, Михаил Красношчеков, соопшти Василиј Небензја, постојан претставник на Русија во Советот за безбедност на ООН.

„Сè уште чекаме информации за конкретните учесници во инцидентот што се случи на 28 мај 2019 година, кога припадници на косовската полиција ги уапсија и ги претепаа претставниците на УНМИК. Ова злосторство сè уште не е истражено и никој не е казнет. Бараме и инсистираме на истрага и гонење на сторителите“, посочи Небензја за време на онлајн-состанокот.

Акцијата на специјалните полициски единици на северот на Косово почна на 28 мај 2019 година, под изговор дека станува збор за акција против организираниот криминал. Косовската полиција упадна на северно Косово со оклопни возила. Локалните Срби поставија барикади на патиштата во Косовска Митровица и Зубин Поток и се судрија со полицијата, по што дојде до пукање со огнено оружје.

И покрај дипломатскиот имунитет, Красношченков беше приведен и брутално претепан за време на операцијата на специјалните сили. Тој претрпе скршеница на јаболчницата и на горната вилица. 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе