Русија бара гласање за укинување на Високиот претставник во БиХ

Русија од Советот за безбедност на Обединетите нации побара гласање за нацрт резолуција во која се бара укинување на Канцеларијата на високиот претставник (ОХР) во Босна и Херцеговина до 31 јули следната година, потврди руската амбасада во Сараево.

EPA-EFE

Во амбасадата, како што наведува РТРС, не можеле да прецизираат кога резолуцијата би требало да биде разгледана пред Советот за безбедност, бидејќи тоа е техничко прашање.

Во нацрт резолуцијата се наведува дека овластувањата дадени на Високиот претставник на конференцијата за спроведување на Дејтонскиот договор во 1997 „повеќе не се потребни поради напредокот кој го постигнале страните во БиХ“, пренесува РТРС.

Именувањето на новиот висок претставник Кристијан Шмит е поддржано во нацрт резолуцијата, во која се наведува дека неговата Канцеларија треба да биде затворена до 31 јули 2022 година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе