Русија: Ако Западот мисли дека ќе се согласиме со некаков нивен план, ништо не разбрале

Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, рече дека италијанскиот мировен план за Украина е „бајка", јави Ројтерс.

Фото: ЕПА

Минатата недела италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо го претстави планот за мир во Украина, додавајќи дека за тоа разговарале со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за време на посетата на Њујорк.

Според тој план, во организацијата за прекин на огнот во Украина би биле вклучени ОН, ЕУ и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

„Не можете со едната рака да испраќате оружје во Украина, а со другата да носите план за мирно решение на ситуацијата“, изјави денеска Захарова.

„Ако се надеваат дека Руската Федерација ќе се согласи со каков било план на Западот, ништо не разбрале“, додаде таа.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе