РТС: Српската војска и полиција тргнаа кон Косово

Забележано е движење на српската војска и полиција кон Косово, а во касарната на Војската на Србија во Краљево е забележана активност на оклопни возила, јави РТС.

Косовската полиција објави дека девет полицајци уапсени на северно Косово биле однесени во Приштина во зградата на полицискиот инспекторат на Косово.

Се потсетува дека во полициската акција се уапсени граѓани од албанска, српска и бошњачка националност.

„Полициската операција во неколку региони, вклучувајќи ги Звечан, Зубин Поток, Лепосавиќ, Северна Митровица, Јужна Митровица и Дренас, резултираше со апсење на неколку осомничени граѓани и полицајци“, рече косовската полиција.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ја повика српската влада да „не ги поткопува напорите на Косово за борба против организираниот криминал“.

Според неофицијални информации, досега се уапсени седум полицајци, јави РТС. Ситуацијата во Косовска Митровица е мирна. Областа ја надлетува хеликоптер на КФОР.

Косовскиот претседател Хашим Тачи се состана со членови на безбедносните структури.

 

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе