РТС: Косовската полиција забрани влез со српски пасош на Косово

Дирекцијата на граничната полиција на Косово донела одлука за непризнавање на српските пасоши при влез на територијата на Косово и Метохија, пренесува РТС повикувајќи се на извори од косовската полиција.

Според одлуката на граничната полиција, забраната за влез не се однесува на лицата кои имаат лична карта и извод за децата со фотографија.

Одлуката била донесена без согласност на косовското министерство за внатрешни работи и без вообичаената процедура за информирање на јавноста.

Мерката на граничната полиција, која е на сила од вчера, ќе ги погоди државјаните на Србија кои преку Косово патуваат за Албанија и Црна Гора, а од документи имаат само пасош.

Полицијата наведува дека мерката е во согласност со Бриселскиот договор од 2011 година, кој меѓутоа не го забранува користењето на пасошот како единствен документ за движење.

На административните пунктови меѓу Косово и Србија биле вратени повеќе семејства со деца и лица кои имале само пасош на Република Србија, јавува РТС.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе