РТ: Русија гласа за воведување задолжителен доживотен затвор за педофили

Според неодамнешните измени на кривичниот законик одобрени од руските пратеници, сериските педофили би можеле да го поминат остатокот од својот живот во затвор поради повеќекратно злоставување малолетници.

Фото: ЕПА

Претседателот на Думата Вјачеслав Володин изјави дека „оние кои претходно биле осудени за насилни дејствија врз малолетници или извршиле злосторства над две или повеќе деца ќе бидат казнети“, пишува РТ.

„Продолжуваме со работа. За нас е од големо значење да ги заштитиме децата од злоставување, од оние кои можат да ја искористат својата позиција за такви злосторства“, додаде тој.

Володин рече дека се преговара и за воведување нови околности на кривичното дело, вклучувајќи го и она ако насилството е извршено од лице кое живее со детето, како и некој кој е одговорен за воспитување, образование и заштита на малолетници. Тој додаде дека се расправа за нов пристап во издржувањето на казната за педофилите.

„Можеме да ги испратиме да работат во рудници на север. Тоа би било многу полошо од смртна казна“, рече Володин.

Комисијата ќе ги проучи сите предлози на новиот закон и ќе расправа за тоа на 7 февруари.

Според сегашниот руски закон, максималната казна доживотен затвор се изрекува само доколку делото го извршило лице кое претходно било осудено за слично дело и злоставувало малолетно лице кое не наполнило 14 години. Новиот закон ќе важи за сите такви казнени дела извршени над лица помлади од 18 години.

„Доживотен затвор е праведна мерка за изолирање на дегенериците. Тие не можат да се наречат луѓе, иако се во човечко тело. Се надеваме дека оваа мерка ќе ги заштити децата, семејствата и општеството од оние кои предизвикуваат непоправлива штета“, напиша Володин на социјалните мрежи.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе