Романскиот претседател бара поголемо присуство на НАТО во Источна Европа

Источноевропските членки на НАТО сакаат поголемо присуство на сојузничките воени сили на источното крило на воениот пакт, кажа романскиот претседател Клаус Јоханис денес по виртуелниот самит на кој се придружи американскиот претседател Џо Бајден.

EPA-EFE

Самитот на Деветката од НАТО, групата земји на источното крило на Алијансата, заедно го организираа Јоханис и полскиот претседател Анджеј Дуда. Одржан е за координација на нивните безбедносни позиции пред самитот на сите членки на НАТО во јуни.

„Како сојузници на источното крило, мораме да продолжиме да ги зацврстуваме одвраќањето и одбраната. Сите неодамна сведочевме на загрижувачко јакнење на руската војска во нашето блиско соседство, во Црното Море и околу Украина“, кажа Јоханис.

„Затоа заговарам, вклучително и во разговорите со претседателот Бајден, зголемување на сојузничкото воено присуство во Романија, на југот на источното крило“.

Бајден, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и претседателите на Бугарија, Чешка, Естонија, Литванија, Летонија, Полска, Романија, Унгарија и Словачка учествуваа на видеоконференција. Бајден не се обрати.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе