Романската војска за борба против коронавирусот дизајнираше изолациони капсули

Романската војска во борбата против ширењето на коронавирусот се вклучи со несекојдневна алатка за европски услови, односно проектирање преносни капсули за прва помош и превоз на пациенти без ризик од ширење на инфекцијата.

Според порталот „Балканска безбедносна мрежа“, претставници на романското Министерство за одбрана ги презедоа првите две испораки на 30 капсули Биоевак на 27 март и 3 април, со што Романија стана првата балканска земја што спроведува технички напреден проект од ваков вид.

Капсулите се изолациска комора на носилки за едно лице, со систем за вентилација со негативен притисок, што го спречува ширењето на инфекцијата во околината.

Нарачани се 100 капсули од домашен производител, кои освен во војската ќе бидат дистрибуирани и користени во болниците низ целата земја, за да се спречи ширењето на заразата, од која веќе починаа над 150 лица. По приемот на првата серија, ќе се спроведе забрзано тестирање и оценување за да се премине на сериско производство.

Според официјалните податоци, скоро 3.900 луѓе се заразени со коронавирусот во Романија, но ширењето на инфекцијата забрзува, а сега вирусот се шири со темпо од околу 250 луѓе на ден, што ја прави улогата на изолационите капсули многу важна. Предноста на капсулите е што тие може да се користат за превоз на лица контаминирани со високозаразни биолошки агенси до местото каде што ќе се лекуваат, со значително намален ризик од ширење на инфекцијата.

Затоа оваа опрема е интересна и за строго воени цели.

„Капсулите беа развиени како одговор на барањата на локалните болници затоа што првото искуство покажа дека коронавирусот се шири многу побрзо и полесно од грипот, а достапното производство на класични средства не ги задоволува потребите на целото население“, се вели во него.

Порталот додава дека најиндустријализираните земји во светот со години работат на развој на вакви уреди во случај на нуклеарна, биолошка и хемиска несреќа, војна или зараза, а во фокусот на светската јавност дојдоа за време на избивањето на епидемијата на ебола во 2014 година.

Меѓу водечките светски производители се Кина, САД, Израел и Франција, на кои сега им се придружува и Романија. Освен со капсулите, романската војска е вклучена и на други начини во борбата против коронавирусот.

Досега вооружените сили на земјата распоредија 1.743 војници и околу 500 возила низ цела Романија вклучени во контрола на сообраќајот, формирање теренски болници, медицински евакуации, транспорт на опрема за заштита на воздухот и други активности.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе