По повлекувањето на коалицискиот партнер

Романската владејачка партија го изгуби мнозинството во парламентот

Романската владејачка Социјалдемократска партија (ПСД) го изгуби малото парламентарно мнозинство кое го имаа откако помалиот коалициски партнер излезе од владата што може да предизвика гласање за доверба.

Либералната партија АЛДЕ се повлече од коалицијата два дена откако лидерот Калин Попеску Таричеану не успеа да стане единствениот кандидат поддржан од власта на претседателските избори во ноември. ПСД наместо него ја избра својата лидерка, премиерката Виорика Данчила, која ќе се соочи со актуелниот претседател Клаус Јоханис.

Овој потег на АЛДЕ, само една година пред парламентарните избори, инаку би предизвикал одржување предвремени избори. Меѓутоа, поделената опозиција најверојатно ќе го причека крајот на целиот мандат, сметаат аналиичарите.

„Не се чини дека други партии во моментов сакаат да ја преземат власта“, вели аналитичарот Кристијан Патрасцониу. „Најрационалниот политички став е да се причекаат изборите“.

Таричеану, и самиот поранешен премиер, кажа дека ПСД не завршила добра работа во владата и не успеале да ги преземат чекорите потребни за реконструкција на кабинетот. Одлуката на неговата партија за повлекување од владата не била лесна.

САД и ЕУ остро ја критикуваат владејачката коалиција поради реформата на правосудниот систем за кој тврдат дека го нарушува владеењето на правото, како и поради ублажувањето на антикорупцискиот закон.

Данчила кажа дека ПСД ќе продолжи да владее. „Најважно е да не ги разочараме гласачите кои ни ја дадоа довербата на изборите во 2016“, порача таа преку Фејсбук.

Распадот на коалицијата, по што на ПСД ќе ѝ недостигаат 25 пратеници за парламентарно мнозинство, би можел да го попречи донесувањето на законите, но и да ги присили пратениците на преговори за секој посебен закон.

Данчила има 45 дена во парламентот да одржи гласање за доверба и во меѓувреме да најде нови министри за местата на кои досега беа членови на АЛДЕ, а би можела да бара и формирање коалиција со други политички партии, како партијата на етничките Унгарци УДМР, на пример.

Романците не ја поддржаа својата влада на изборите во Европскиот парламент во мај кога ПСД доби речиси половина помала поддршка, а АЛДЕ не успеа да ги мине ни изборниот праг.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе