ЕУ- Западен Балкан

Романија и Кипар заедно со Шпанија: Не го сакаат Косово на ЕУ самитот

Романија и Кипар им се приклучија на Шпанија во одбивањето да присуствуваат на самитот на ЕУ-Западен Балкан, бидејќи тие не сакаат да седат на иста маса со косовскиот претставник.

Тие, како и Шпанија, веруваат дека Косово не треба да се третира подеднакво со земјите од регионот и затоа одбива да биде на самитот планиран за 17 мај во Софија пренесува Радио Слободна Европа.

Минатиот петок Советот на ЕУ испрати покани за учество на самитот. Постојаните претставници на земјите-членки на ЕУ се состанаа во средата во Брисел, каде што, според изворите на Радио Слободна Европа, Кипар и Романија потврдија дека ќе се спротивстават на учеството на Косово на самитот во Софија на 17-ти мај, на кој ќе се разговара за европската перспектива на Западен Балкан.

Мадрид, Букурешт и Никозија со цврст став дека ќе дојдат во Софија само на работната вечера која ќе се одржи во пресрет на самитот, каде што ќе се разговара на теми кои не се директно поврзани со Западен Балкан. На Самитот кој ќе се оддржи еден ден подоцна, претставниците на овие три земји нема да учествуваат.

Радио Слободна Европа проценува дека „поради ваквата позиција, се отвора прашањето за успехот на самитот што се одржува по 15 години и што треба да биде важно случување за бугарското претседателство со ЕУ.

Шпанските медиуми во неколку наврати објавија дека премиерот на земјата Рахој,  го става под знак прашање учеството на самитот, кој го третира Косово подеднакво како и другите земји во регионот.

Шпанија веќе посочи дека најверојатно Португалија ќе ја претставува на самитот. Сега се очекува дека истата матрица ќе се користи и за другите две земји кои не сакаат да бидат присутни на самитот.

Се тврди дека можеби постои недостиг на согласност за заедничката декларација. Ова прашање, беше поставено на последниот состанок на амбасадорите на ЕУ, кога некои земји кои не ја признаа независноста на Косово ја отфрлија идејата за потпишување декларација во која Косово е вклучено во процесот на проширување.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе