Романија и Бугарија бележат постојан раст на заболените, воведуваат нови мерки

Романија вчера усвои нови мерки со цел да го спречи порастот на бројот на заболени од коронавирусот.

EPA-EFE

Меѓу мерките воведени во Романија е задолжително носење маски и на некои отворени простори, како и намалено функционирање на кафетериите и рестораните.

Во Романија во последните 24 часа се регистрирани 1.182 нови случаи. Починаа 30 лица заразени со ковид-19, а сите имале претходни болести.

Во текот на последните осум дена Романија бележи повеќе од 1.000 случаи на коронавирусот дневно, со што вкупниот број на заразени порасна на повеќе од 48.000, а 2.269 лица починале, јавува агенцијата РОМА.

Носењето маски веќе беше задолжително во затворените простори. Гостите во кафетериите и рестораните мора да престојуваат само на терасите, а на маса можат да седат најмногу четири луѓе.

Локалните власти ќе одлучат во кои уште надворешни простори ќе биде задолжително носењето маски, но, како што е наведено, најверојатно тоа ќе биде потребно на пазарите и железничките и автобуските станици.

Децата постари од пет години исто така ќе мора да носат маски.

Во Бугарија во последните 24 часа се потврдени 284 нови случаи на коронавирусот врз основа на 6.395 тестирани примероци, што е за 34 повеќе од претходниот ден, соопшти бугарското министерство за здравје.

Со тоа вкупниот број на заразени во таа земја порасна на 11.155, од кои 664 се медицински работници.

Претходниот ден починале 13 луѓе, па вкупниот број на смртни случаи порасна на 368.

Бугарија, со порастот на бројот на новозаболени се соочува со недостиг на медицински персонал.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе