Ројтерс за протестот на косовските Срби: Чекор кон заострување на односите

Британската агенција Ројтерс јави дека на северот на Косово се затворени продавниците во знак на протест за воведените царини од 100 отсто на стоката од Србија.

Британската агенција оценува дека тој чекор може дополнително да ги заостри односите на Белград и Приштина.

Косовската влада, наведува Ројтерс, минатата година ги воведе царините како одмазда за тоа што Белград го блокира пристапувањето на Косово во меѓународната полициска организација Интерпол.

„Тој чекор доведе до застој во преговорите меѓу Белград и Приштина“, наведува Ројтерс и додава дека тие се „клучни ако двете земји сакаат да се приклучат на Европската Унија“.

Британската агенција наведува дека денешниот протест го поддржува српската влада, а дека косовскиот премиер Рамуш Харадинај минатата недела го обвини Белград дека се обидува „да создаде хуманитарна криза во тој дел од Косово“.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе