Ројтерс: САД спречиле поголем судир меѓу Индија и Пакистан

Минатомесечниот конфликт меѓу Индија и Пакистан бил на пат да излезе од контрола и само со интервенција на американски функционери, меѓу кои и советникот на американскиот претседател за национална безбедност Џон Болтон, бил избегнат конфликт од поголеми размери кога двете земји се заканија дека една на друга ќе си лансираат ракети, потврдиле за британската агенција Ројтерс пет различни извори запознаени со настаните.

Во еден момент Индија се заканила дека ќе го гаѓа Пакистан со најмалку шест проектили, а Исламабад одговорил дека ќе одговори со „три пати поголем“ број ракети, тврдат западни дипломати и владини извори од Делхи, Исламабад и Вашингтон.

Начинот на кој тензиите нагло пораснаа и се заканија да предизвикаат војна меѓу двете нуклеарни сили покажува дека областа Кашмир, која двете земји ја присвојуваат и е во центарот на нивните непријателства, останува едно од најопасните жаришта во светот.

Размената на остри зборови не излезе од рамките на закани и немаше сугестии дека ќе се лансираат какви било други ракети освен оние со конвенционални боеви глави, но предизвикаа вџашеност во официјалните кругови во Вашингтон, Пекинг и Лондон, пишува британската агенција.

Ројтерс состави тек на настаните кои доведоа до најтешката воена криза во Азија од 2008 година и на здружените дипломатски напори чија цел била да се присилат двете страни да се повлечат.

Спорот се претвори во конфликт кон крајот на минатиот месец кога индиски и пакистански борбени авиони пролетаа едни покрај други на мала раздалеченост над Кашмир на 27 февруати, еден ден откако индиски авиони нападнаа камп на милитанти во Пакистан. Исламабад го негираше постоењето на наводниот камп и тврдеше дека индиските бомби експлодирале на празна полјана.

Во првиот таков судир од последната војна меѓу двете земји во 1971 година, Пакистан урна индиски авион и го уапси пилотот откако тој се катапултирал над делот на Кашмир под пакистанска контрола. Неколку часа подоцна снимките од претепаниот индиски пилот во лисици на социјалните мрежи дополнително го разгневија Делхи.

Со претстојните општи избори за два месеци владата на премиерот Нарендра Моди мораше нешто да направи.

Истата вечер индискиот советник за национална безбедност Аџит Довал преку заштитена линија разговарал со шефот на пакистанската разузнавачка служба (ИСИ) Аси Мунир и му порачал дека Индија нема да се откаже од нова антитерористичка операција дури и по апсењето на пилотот.

Довал му кажал на Мунир дека Индија се бори против милитантите кои непречено напаѓаат од територијата на Пакистан и дека е спремна да ја засили борбата.

Министер во пакистанската влада и западен дипломат во Исламабад одвоено потврдиле дека Индија се заканила дека ќе лансира шест ракети врз цели во Пакистан. Не кажале кој ја изговорил заканата, но министерот појаснил дека разузнавачките служби на двете земји меѓусебно комуницирале за време на конфликтот.

Пакистан порачал дека ќе одговори на каков било индиски ракетен напад со лансирање поголем број ракети, соопштил пакистански министер кој сакал да остане анонимен.

„Одговоривме: ако лансирате една ракета, ние ќе лансираме три. Што и да направи Индија ние ќе направиме тројно“, изјавил пакистанскиот функционер.

Индија тврди дека не била запознаена со каква било пакистанска закана со ракети.

Болтон ноќта меѓу 27 и 28 февруари разговарал со Довал во обид да ја смири ситуацијата, а потоа американскиот државен секретар Мајк Помпео исто така разговарал со двете страни барајќи излез од кризата. „Државниот секретар Помпео директно ги предводеше дипломатските напори и тоа одигра пресудна улога во деескалацијата на тензиите меѓу двете страни“, изјави претставникот на Стејт департментот Роберт Пајадино.

Стејт департментот не сакал да потврди дали САД знаеле за заканите со проектили.

Помпео разговарал со Довал, индиските и пакистанските министри за надворешни работи Сушим Свараџ и Шах Махмуд Куреши.

Американските напори биле насочени на ослободувањето на индискиот пилот и изнудување гаранции од Индија дека ќе ги повлече заканите со ракетни напади. Во дипломатските напори се вклучиле и Кина и Обединетите Арапски Емирати.

„Многу напор вложивме да ја вклучиме меѓународната заедница во тоа да ги поттикнат двете страни на деескалација на состојбата поради тоа што бевме целосно свесни колку беше опасна“, изјавил функционер на американската администрација.

На 28 февруари попладне пакистанскиот премиер објави дека индискиот пилот ќе биде ослободен.

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе

Денес, кандидати за политички функции се луѓето. Утре, тоа ќе го прават интелигентни машини. И, тие може и ќе победуваат, како што расте незадоволството на граѓаните од човечките политичари.

повеќе

Еден од начините на промовирање подобри меѓуетнички односи помеѓу децата е овозможување подолготраен контакт помеѓу нив што ќе овозможи создавање значајни индивидуални врски помеѓу децата.

повеќе