Ројтерс: Руски хакери украле тајни документи од САД и Британија

Тајните трговски документи на САД и Британија кои протекоа пред британските избори во 2019 ги украле руски хакери од мејлот на поранешниот министер за трговија.

EPA-EFE

Како што за Ројтерс наведуваат два неименувани извори кои се директно запознаени со тоа прашање, станува збор за сомнителни руски хакери кои податоците ги украле од електронската пошта на поранешниот британски министер Лиам Фокс.

Според нив, хакерите влегле во налогот повеќе пати меѓу 12 јули и 21 октомври минатата година.

Тие одбиле да именуваат која руска група или организација ја сомничат дека е одговорна, но навеле дека нападот имал карактеристики на операција која има поддршка од држава.

Кремљ не одговорил веднаш на барањето за коментар.

Меѓу украдените информации имало и шест групи документи во кои детално биле опишани трговските преговори со Соединетите Американски Држави, за кои Ројтерс првпат известуваше на почетокот на минатата година.

Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб го потврди извештајот минатиот месец, кажувајќи дека руски хакери сакале да се вмешаат во изборите пред интернет споделување на нелегално набавените владини документи кои протекоа.

Британската влада исто така одбила да го коментира овој случај.

„Во тек е криминалистичка истрага за тоа како документите биле набавени и би било несоодветно да се даваат коментари во овој момент“, кажала портпаролката на владата додавајќи дека, како што и се очекува, владата има многу силна заштита на ИТ системите, функционерите и персоналот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе