Ројтерс: Поранешниот непријател Србија ѝ донира вакцини на БиХ

Поранешниот воен непријател Србија му донираше денес 5.000 вакцини за превенција на ковид-19 на бошњачко-хрватскиот регион на соседна Босна и Херцеговина, пишува Ројтерс.

EPA-EFE

Федерацијата БиХ, еден од двата босански автономни ентитети заедно со Република Српска, нарачала 1,2 милиони дози во рамки на глобалната програма за делење на вакцините Ковакс и речиси 900.000 од Европската Унија, но сè уште не добила ниедна доза, пишува британската агенција.

На аеродромот во Сараево претседателот на Србија Александар Вучиќ им ги врачи вакцините на членовите на тричленото претседателство на БиХ Шефик Џаферовиќ, Жељко Комшиќ и Милорад Додик и вети дека во следните денови ќе испрати уште 5.000 дози.

Како што пишува Ројтерс, во периодот од 1992 до 1995 година Србија под тогашниот претседател Слободан Милошевиќ ги поддржуваше босанските Срби во разорната војна за да ја „исчисти БиХ од муслиманите и Хрватите“ и „да создаде големосрпска татковина“. Во војната беа убиени 100.000 луѓе, наведува британската агенција.

Со Дејтонскиот мировен договор од 1995 година беше создадена сојузна БиХ поделена на два автономни ентитети по главно етнички линии. Србија сега е во мир со поранешните непријатели од деведесеттите, вклучувајќи ги колегите од поранешната југословенска република и држава членка на Европската Унија Хрватска, и е кандидат за придружување на ЕУ, пишува Ројтерс.

БиХ е третата поранешна југословенска република која прими вакцини од Србија, по Македонија и Црна Гора.

„Кога глобалните мултилатерални механизми откажаа, претседателот Вучиќ испрати понуда и ние ја прифативме“, кажа Џаферовиќ.

Република Српска, која има блиски врски со Србија, ја почна минатиот месец вакцинацијата со руската вакцина Спутник V. Белград исто така ѝ подари 5.000 вакцини за медицинскиот персонал.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На 2 Август 2021 година ќе се одбележат два значајни настана од историјата на македонскиот народ.

повеќе

Албанскaта политичка и научна јавност имаат објективен пристап и разбирање дека прашањата што се на масата за разговори со Бугарија не се воопшто лесни за решавање.

повеќе

Половични регионални форми на соработка и здружување се опасни за Македонија.

повеќе