Ројтерс: Почна размената на заробеници меѓу Русија и Украина

По сѐ изгледа почна долго најавуваната размена на заробеници меѓу Русија и Украина, јавува Ројтерс од Москва.

Агенцијата наведува дека два автобуси со затемнети стакла и во придружба на полициски возила го напуштиле московскиот затвор со непознат број луѓе.

Размената, од која многу се очекува, во изминатите денови ја најавуваа претседателите на двете земји, Владимит Путин и Володимир Зеленски.

Засега не е познато колку заробеници ќе бидат разменети.

Украинскиот претседател Зеленски на крајот на јули ѝ предложи на Русија размена на украинскиот режисер Олег Сенцов, осуден на 20 години затвор во Москва, за укранско-рускиот новинар Кирил Вишински, на кој му се суди за велепредавство во Киев.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе