Во контејнер со земјоделско ѓубре

Ројтерс: Најдени пет тела во пратка од Србија во пристаниште во Парагвај

Властите на Парагвај соопштија дека се најдени пет човечки тела во фаза на распаѓање во контејнер со земјоделско ѓубре кој стигнал од Србија.

EPA-EFE

Контејнерот, кој пред три месеци бил одвезен од Србија, стигнал преку Аргентина во речното пристаниште во преградие на парагвајската престолнина Асунсион.

Обвинителот Марсело Салдивар за Ројтерс изјави дека телата на починатите, за кои се смета дека се слепи патници, биле најдени денес кога менаџерите на компанијата која го купила производот го отвориле контејнерот.

„Засега се пет. Тргнуваме од тоа дека тие провалиле во контејнерот за да бидат превезени тука. Очигледно не ја пресметале добро далечината и не го преживеале патот“, кажа Салдивар.

Според него, во делот на контејнерот во кој биле најдени телата се најдени и храна, торби со облека и отвор за вентилација.

Салдивар истакна дека од слепите патници останале само коса и коски.

Обвинителот истакна дека парагвајските власти ќе ги контактират колеги во Србија за да ги идентификуваат умрените.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе