Ројтерс: Државните милиони во рацете на поранешната госпоѓа Путин

Поранешната сопруга на рускиот претседател Владимир Путин му помогнала во формирањето а сега ја поддржува фондацијата која е сопственик на „историски објект“ во Москва, пишува Ројтерс.

Британската агенција тврди дека фондацијата заработува милиони долари од закупувачи.

„Зградата е реновирана благоадрение на помошта на соработници на Путин, а киријата се плаќа на приватна компанија која е сопственост на лице со моминското презиме на поранешната сопруга на првиот човек на Русија“, се тврди.

Се прецизира дека станува збор за куќата Волконски во центарот на Москва, која во претсоветското време била резиденција на аристократи, а сега е сопственост на Центарот за развој на интерперсонални комуникации.

Људмила Путина помогнала да се формира невладината организација, според извештајот на државниот весник Расискаја газета и тврдењата на два извори кои соработувале со Центарот.

Седиштето на невладината организација е во куќата Волконски, но поголемиот дел од објектот се изнајмува на закупувачи, вклучувајќи и две големи државни банки.

Кираџиите ја плаќаат рентата на компанијата Меридијан, чиј сопственик е компанијата Интересервис, која од 2014 година е во сопственост на Људмила Александровна Шкребњова. Ројтерс не успеал да дојде до потврда дека станува збор за Људмила Путин.

Сепак, сомнежите ги потврдуваат други „поврзани лица“ – Татјана Шестакова, поранешната сопруга на Василиј Шестаков, пријател и џудо партнер на Путин, чие име се спомнува и меѓу основачите на Центарот.

„Кога госпоѓа Путин очекува посета, тие веднаш ја затвораат целата улица Возвиженка“, вели еден од соработниците на Центарот за Ројтерс.

Руската банка ВТБ е еден од најголемите закупци на куќата Волконски и наводно годишно плаќа повеќе од два милиони долари за бизнис просторот.

Прашањето на потпишување договор за добрососедство со Бугарија е вештачко прашање.

повеќе

Никој од политичарите не сака на народот да му ја каже вистината. Вистината за Македонија.

повеќе

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе