Ројтерс: Договорот на Германија и САД за Северен тек 2 би можел да ги разгневи Русите

Соединетите Американски Држави и Германија склучија договор за гасоводот Северен тек 2 со кој Берлин се обврза дека ќе одговори на каков било обид на Русија да ги користи енергенсите како оружје против Украина и другите земји од источна и централна Европа.

EPA-EFE

Договорот, наведува Ројтерс, би требало да ја ублажи опасноста која критичарите ја гледаат во 11 милијарди долари вредниот гасовод, кој е 98 отсто завршен, а изграден е под Балтичкото Море за пренесување на рускиот гас од арктичкиот регион до Германија.

Американските власти се против гасоводот кој ќе ѝ овозможи на Русија да го извезува гасот директно во Германија и потенцијално од тоа да ги исклучи другите земји, но владата на Џо Бајден реши да не го блокира целиот проект со американски санкции.

Наместо тоа, се договори со Германија со цел да се одврати Русија од тоа да го користи гасоводот за да им наштети на Украина или други земји во регионот.

„Соединетите Држави и Германија заеднички се решени да ја сметаат Русија за одговорна за агресија и злонамерни активности возвраќајќи со воспоставување санкции или други средства“, се наведува во заедничката изјава на двете земји.

Ако Русија „се обиде да ја користи енергијата како оружје или преземе други агресивни акции против Украина, Германија самата ќе преземе чекори и ќе побара акции на ниво на Европската Унија, вклучувајќи санкции“, за да ги „ограничи руските извозни капацитети во Европа во енергетскиот сектор“, се наведува во изјавата.

„Оваа обврска е смислена за да се обезбеди дека Русија нема да злоупотреби кој било гасовод, вклучувајќи го Северен тек 2, за да постигне агресивни политички цели користејќи ги енергенсите како оружје“, се додава.

Според договорот, Германија и САД поддржуваат десетгодишно продолжување на договорот за транзит на гас меѓу Русија и Украина, кој е извор на значителни приходи за Киев, а истекува во 2024 година.

„Германија се обврза да ги искористи сите свои расположливи средства за преговарање за продолжување на договорот за транзит на гасот“, им кажа на новинарите висок функционер на Стејт департментот, под услов да остане анонимен.

Германија треба да инвестира најмалку 175 милиони долари во новиот „Зелен фонд за Украина“ вреден милијарда долари, наменет за јакнење на нејзината енергетска независност.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Западот може да му послужи на остатокот од светот како изложба на ужасни и очигледно неуспешни идеи, меѓу кои се и комунизмот, фашизмот, нацизмот, феминизмот, анархизмот и, во последно време, либерализмот.

повеќе

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе