Рохинџите го тужат Фејсбук, бараат 150 милијарди долари отштета

Рохинџите од Мјанмар, пребегани во странски земји, ја тужат компанијата Мета, до неодамна позната како Фејсбук, бидејќи не го спречила говорот на омраза кој бил насочен против нив и така придонела на насилството, и бараат отштета од 150 милијарди долари.

EPA-EFE

Тужбите се поднесени во САД и Британија.

Во САД адвокатската компанија Еделсон ПЦ и Филдс ПЛЛС поднела тужба против Фејсбук во Сан Франциско, обвинувајќи ја социјалната мрежа дека е „спремна да ги занемари животите на Рохинџите за подобар пробив на пазарите во земјите на југоисточна Азија“.

Британската адвокатска компанија која застапува некои од бегалците напишала писмо до Фејсбук, а во него наведува дека алгоритмите на Фејсбук „го засилиле говорот на омраза против Рохинџите“, дека Фејсбук „не вложувал“ во модератори и проверување на фактите околу политичката ситуација во Мјанмар.

Фејсбук не одговорил на барањето на Ројтерс да ги коментира тужбите.

Фејсбук во 2018 призна дека не направиле доволно за да ги спречат поттикнувањето на насилство и говорот на омраза против Рохинџите. Тоа следеше по независниот извештај кој го нарача Фејсбук, во кој се наведува дека платформата овозможила услови за ширење на кршењето на човековите права.

Од тогаш компанијата презема мерки против злоупотребата на платформата за поттикнување на насилство, вклучувајќи забрана за пристап до Фејсбук и Инстаграм за воената хунта по државниот удар на 1 февруари.

Рохинџите се сметаат за нелегални емигранти во Мјанмар и со децении ги дискриминираат владата и јавноста. Мјанмарската војска во 2017 година почна насилна акција во државата Ракине откако Рохинџите извршија смртоносни напади на полициските позиции.

Илјадници луѓе ги загубија животите, а над 700.000 Рохинџи избегаа во соседен Бангладеш.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе