Иран го обвинува Израел за саботажа

Рохани: За секое злосторство ќе ви ги отсечеме рацете

Одлуката за збогатување ураниум до 60 отсто по експлозијата во објектот Натанз е „одговор“ на Иран на „нуклеарниот тероризам“ на Израел, изјави денес иранскиот претседател Хасан Рохани.

EPA-EFE

„Тоа е одговор на вашата злонамерност. Тоа што го направивте се вика нуклеарен тероризам, а она што ние го правиме е легално“, кажа Рохани на седница на владата.

Техеран го обвинува Израел за саботажа на објектот за збогатување ураниум во Натанз, во централниот дел на Иран.

„Не можете да ковате заговори против Иран, да правите злочини против Иран. За секое злосторство ќе ви ги отсечеме рацете... за да сфатите дека не може да нè спречите да имаме пристап до нуклеарна технологија“, додаде Рохани.

Иранскиот претседател кажа дека го очекува извештајот на безбедносните функционери за инцидентот во Натанз, но, како што додаде, „изгледа дека е тоа ционистичко злосторство“.

„Сакате да останеме со празни раце на преговорите, но таму ќе отидеме со уште повеќе карти во рацете“, порача Рохани.

Тој додаде и дека нуклеарните активности на Иран „ќе останат мирнодопски и мирољубиви, и под надзорот на ИАЕА“, Меѓународната агенција за атомска енергија, без оглед дали станува збор за збогатување на ураниум до 60 или до 20 отсто.

ИАЕА потврди вчера дека од Иран добила известување за намерата да почне со збогатување ураниум до 60 отсто во објектот во Натанз.

Таа одлука на Иран доаѓа среде преговорите за опстанокот на меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма потпишан во 2015 година.

Иран во моментов збогатува ураниум до 20 отсто, додека збогатувањето до 60 отсто би му овозможило брзо да премине на збогатување до 90 отсто, колку што е потребно за користење на ураниум во воени цели.

Иран планира следната недела да почне со збогатување ураниум до 60 отсто, потврди синоќа на Твитер иранскиот претставник во Меѓународната агенција за атомска енергија Казем Гарибабади.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе