Иранскиот претседател

Рохани: Трамп нема да почне војна поради претстојните избори

Претседателот на Иран Хасан Рохани изјави дека не верува дека САД ќе почнат војна против Техеран бидејќи тоа би им наштетило на шансите на американскиот претседател Доналд Трамп на претстојните избори во САД.

Рохани кажа дека Трамп знае дека војна со Иран „ќе ги уништи неговите шанси“ за победа на американските претседателски избори на 3 ноември годинава.

Тој додаде дека војна би им нанела штета на интересите на САД и на нивните сојузници на Блискиот Исток, вклучувајќи го Иран.

„Мислам дека Американците не се расположени за војна бидејќи знаат каква штета би можела да им донесе“, им кажа Рохани на новинарите.

Тој истакна дека државите како Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Катар би можеле многу да изгубат доколку судирот на САД и Иран се претвори во војна.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе