Рохани: САД треба да ги укинат санкциите ако сакаат да му помогнат на Иран во борбата против коронавирусот

Соединетите Држави треба да ги укинат санкциите ако сакаат да му помогнат на Иран да го контролира ширењето на коронавирусот, изјави денес иранскиот претседател Хасан Рохани, додавајќи дека Иран нема намера да ја прифати понудата на Вашингтон за хуманитарна помош.

Од земјите на Блискиот исток Иран е најсилно погоден со коронавирусот, со над 1.800 смртни случаи и 23.049 заразени лица. Едно лице умира од вирусот на секои 10 минути, според Министерството за здравство.

„Американските лидери лажат... Ако сакаат да му помогнат на Иран, сè што треба да сторат е да ги укинат санкциите... Тогаш можеме да се справиме со избувнувањето на коронавирусот“, рече Рохани во телевизискиот говор, пренесе Ројтерс.

Вашингтон му понуди хуманитарна помош на својот долгогодишен непријател. Но, врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи, во неделата ја отфрли понудата.

„САД не слушаат, ја попречуваат глобалната борба против ковид 19. Единствен лек: Пркос на масовната казна на САД. Морален и прагматичен императив“, објави денес на Твитер иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф.

Соединетите Држави му ја испратија на Иран следната порака: ширењето на вирусот нема да ве спаси од американските санкциите со кои се задушуваат нивните приходи од нафта и ја изолираат нивната економија.

„Вие го блокиравте извозот на нафта во Иран, ги запревте банкарските трансакции во Иран... Вашата понуда за помош е најголемата лага во историјата“, рече Рохани.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе