Рохани ја повика Турција на воздржаност во Сирија

Претседателот на Иран, Хасан Рохани ја повика денес Турција на воздржаност и да избегне воени дејствија во северна Сирија, додека силите на Анкара треба да напредуваат во областа која е ослободена од американските војници.

Додека зборуваше Рохани, воените сили на Иранската армија започнаа ненајавена воена вежба на северозападниот дел на земјата што граничи со Турција, јави иранската новинска агенција ИСНА.

Турските сили и нивните сириски сојузници ќе влезат во Сирија „наскоро“, рече денес турски официјален претставник, во операција за која светските сили стравуваат дека може да отвори ново поглавје во катастрофалната осумгодишна војна во Сирија.

Иран, близок сојузник на сирискиот претседател Башар ал Асад, редовно ја повикуваше Турција да го почитува територијалниот интегритет на Сирија и повика сите странски воени сили „со незаконско присуство“ - вклучително и САД - да ја напуштат земјата.

„Отворено рековме дека единственото решение да се обезбеди сигурност и безбедност во јужна Турција и северна Сирија е присуството на сириската армија“, државната новинска агенција ИРНА го цитираше денес Рохани, пренесе Ројтерс.

„Го повикуваме нашиот пријателски и братски сосед Турција да дејствува со повеќе трпеливост и воздржаност и да ја ревидира својата одлука и избраниот пат“, рече тој.

Иран, како и Турција, е дом на големо етничко курдско население и Рохани изрази разбирање за турската загриженост за безбедноста на нејзините граници, додавајќи: „Веруваме дека треба да се донесе правилен пат за да се отстранат овие загрижености“.

„Курдите во Сирија ... треба да ја поддржат сириската армија“, рече тој.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе