Рохани: Иран не сака војна со ниедна земја

Иранскиот претседател Хасан Рохани му кажа на својот француски колега Емануел Макрон дека неговата земја „не сака војна со ниедна земја“, па ни со САД, пренесе денеска иранската државна агенција ИРНА.

„Иран нема никаков интерес да крева тензии во регионот и не сака војна со ниедна земја, па ни со САД“, рече Рохани во телефонскиот разговор со Макрон.

Рохани и Макрон разговараа во време на силни тензии меѓу Вашингтон и Техеран, помалку од една недела откако Иран собори американски дрон, и во време на загриженост за иднината на нуклеарниот договор со Иран кој САД унилатерно го напуштија во 2018 година.

Макрон во понеделникот рече дека ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп за Иран на маргините на самитот Г20, кој се одржува на крајот на неделата во Јапонија.

Како што пренесува ИРНА, Рохани му рекол на Макрон дека Иранците „секогаш работеле во корист на мирот и регионалната стабилност и дека и понатаму ќе работат така“.

„Ако Иран не остварува корист од договорот, Иран ќе ги намали своите обврски за кои се согласи“, наведе Рохани и додаде дека Техеран „нема повторно да преговара“ за договорот.

Иранскиот претседател ги означи САД за виновни за „сета напнатост во регионот“, а по повод соборениот дрон рече дека леталото доби предупредување кога влезе во иранскиот воздушен простор.

„Ако САД сакаат илегално да влегуваат во иранските територијални води, вооружените сили решително ќе одговорат“, предупреди Рохани.

Вашингтон тврди дека дронот е соборен во меѓународниот воздушен простор.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе