Рохани: Иран ќе се одмазди ако САД ги запрат нивните танкери за Венецуела

Иранскиот претседател Хасан Рохани предупреди дека неговата земја ќе им се одмазди на Соединетите Држави доколку Вашингтон создава проблеми на танкерите кои превезуваат нафта до Венецуела.

Фото: ЕПА

„Доколку нашите танкери на карипската или која било друга област во светот наидат на проблеми заради Американците, и Соединетите Држави ќе бидат во проблем“, рече Рохани во телефонскиот разговор со катарскиот емир, јавува полуофицијалната новинска агенција Мехр.

Флота од пет танкери со иранска нафта се упати кон Венецуела, земја со големи резерви на тој енергент, но која е погодена од недостиг на гориво. Флотата моментално е во карипските води и се очекува да пристигне на брегот на Венецуела в недела, според податоците од апликацијата Рефинитив Еикон.

„Иран никогаш нема да започне судир“, рече Рохани.

„Секогаш имаме легитимно право да го браниме нашиот суверенитет, територијален интегритет и да им служиме на нашите национални интереси. Се надеваме дека Американците нема да направат грешка“.

Иран ѝ испраќа на јужноамериканската држава 1,53 милиони барели нафта, објавија двете влади, други извори и според проценките врз основа на големината на танкерите.

Пратката создаде дипломатски спор меѓу Иран и Венецуела од една страна и САД од друга затоа што Техеран и Каракас се под американски санкции.

Вашингтон размислува како да одговори на овој чин, изјави официјален претставник на САД за Ројтерс, без да открие кои опции се на маса.

Американците неодамна го засилија своето присуство на морнарицата на карипската област, наведувајќи ги како причина операциите против шверц на дрога. Портпаролот на Пентагон, Џонатан Хофман во четвртокот изјави дека нема информации за какви било операции поврзани со иранските танкери.

Министерот за одбрана на Венецуела објави дека армијата на земјата ќе ги пречека и следи иранските бродови кога ќе стигнат во нејзината ексклузивна економска зона.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе