Рохани бара поостра казна за убиства поради чест: Иран шокиран откако татко си ја уби ќерката

Иранскиот претседател Хасан Рохани побара денес од владата да го забрза воведувањето на построги казни за „убиства од чест".

EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Иранската јавност е шокирана со тоа што татко ја убил својата 14-годишна ќерка затоа што побегнала со својот 34-годишен љубовник, но полицијата ја пронашла и ја вратила дома, иако рекла дека се плаши од татко ѝ.

Таткото кој, наводно, користел срп за да ѝ ја отсече главата додека спиела, е приведен и му се заканува затвор до 10 години.

Предлозите за заострување на казните за вакви дела очигледно секоја година се префрлаат од едно на друго надлежно тело, објаснува агенцијата АП и наведува дека локалните медиуми повремено известуваат за „убиства од чест“, но дека за тоа сепак малку се знае.

Поради тоа не се знае колку жени и девојчиња биле убиени од роднини поради кршење на конзервативните исламски норми на љубов и брак.

Според законот, Иранките можат да стапат во брак на 13-годишна возраст, а во просек стапуваат во брак на 23-годишна возраст.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе