Рохани апелира до Американците да бараат укинување на санкциите

Ирачкиот претседател Хасан Рохани апелираше до Американците да апелираат до својата влада да ги укине санкциите во момент кога Иран се бори со епидемијата на коронавирусот.

Тој укажа на тоа дека американските санкции довеле до тоа голем број обични Иранци да ги изгубат здравјето, работата и приходот.

„Сега е времето американскиот народ да го крене гласот и да побара одговор од американската влада и да не дозволи американската историја понатаму да се валка“, порача Рохани, а пренесува Ројтерс.

Иран се бори со најголемата епидемија на вирусот ковид-19 на Блискиот Исток.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе