Шефот на Роскосмос

Рогозин за НАТО: Волците ги соблекоа овчите кожи

Генералниот директор на Роскосмос Дмитриј Рогозин смета дека НАТО ја означи Русија како главна закана затоа што сака да обезбеди единство на членките на воениот пакт.

EPA-EFE

„Сега, конечно, Русија е означена како директен, непосреден, ако не непријател тогаш закана, иако на нивниот јазик тоа значи непријател“, кажа Рогозин за државната телевизија.

Според неговата оценка, тоа му овозможува на НАТО, како што наведе, „стадото да биде единствено“.

„Јас тоа вака би го окарактеризирал: волците ги соблекоа овчите кожи и ги запалија, симболично“, додаде Рогозин.

Лидерите на НАТО усвоија на самитот во Мадрид нов стратегиски концепт на Алијансата до 2030 година, во кој Русија е означена како „најзначајната и најдиректна закана“ за безбедноста на западниот воен пакт.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе